Толку беше: Тамара Тодевска потврди дека се разведува од Мачка

Пејачката Тамара Тодевска се разведува од својот сопруг.

Информацијата ја потврдила за „Убавина и здравје“ каде подвлекуват дека одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца.

– Да, точно е дека се разделуваме, но апсолутно дека ќе одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко. Ова не е ниту прв ниту последен случај. Тоа што за мене искрено е многу важно, тоа се децата, нивните права и интереси да останат заштитени. Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на децата, кои сакам да останат на страна од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично. И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, вели Тодевска за порталот.

07.11.2022 - 20:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега