Тлото не мирува: Вечерва регистриран уште еден земјотрес во Македонија

 

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, информираше дека вечерва во 22 часот и 02 минути, регистрирала земјотрес од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар со епицентар на  50 km југозападно од Скопје. Земјотресот бил со локална Рихтерова магнитуда ML2.9.

Според досегашните податоци на Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот бил почувствуван од населението во Кичево, Дебар, Гостивар и Маврово со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Вчера во Македонија беа забележани низа земјотреси од кои два посилни со магнитуда од 5 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 22:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега