СВР Тетово поднесе кривична пријава против 66-годишната Т.И. од Тетово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „фалсификување пари“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, инцидентот се случил на 5 ноември на улицата „Борис Кидрич“ пред зелениот пазар, каде што пријавената во три наврати се обидела да пушти во оптек лажна банкнота од 50 евра.

