Тешко повреден затвореник во прилепскиот затвор

На 07.04.2024 во 14.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, по претходна расправија, осудениците Д.К. и С.Р. со остар предмет го нападнале осуденикот Е.Ш.(35) од с.Шишево, скопско, при што му нанеле повреди.

Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

08.04.2024 - 18:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега