Close Menu
Press24
    Најново

    Јакимовски со спакуван куфер чека бирократија во Шутка

    11.09.2026 во 10:19

    (ФОТО) Реконструкцијата на Старата скопска чаршија во завршна фаза: Инвестиција вредна над 28 милиони денари

    11.09.2026 во 15:17

    Помина тешка недела за возачите – понеделник ќе ни донесе значително поскапо гориво

    11.09.2026 во 09:49
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат
    • Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
    • Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
    • Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
    • Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
    • Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
    • Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
    • Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Терапираја: Врескајте и ослободете се од стресот

    Терапираја: Врескајте и ослободете се од стресот

    17.03.2026 во 11:053 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Клубовите за врескање, каде што луѓето се собираат за да врескаат како вид терапија за ослободување од стрес, стануваат сè попопуларни во САД, пренесуваат тамошните медиуми. Ограноците од „Клубот за вресок“ (Scream Club) во Сиетл и Чикаго споделија дел од своите сесии.

    Имено, групата луѓе којашто се собира во Западен Сиетл велат дека врескањето ги ослободува од нивните фрустрации, на пр. поради неодамнешно губење на работата, или стресот од две мали деца дома. По три вресоци, кај учесниците се забележува длабоко чувство на смиреност.

    Тој септемвриски ден беше првото собирање на огранокот во Сиетл. Клубот е еден од 17-те групи ширум САД, а ги има и во Остин, Тексас; Чатануга, Тенеси; Атланта, Детроит; Сан Хуан, Порторико, итн.

    – Имам толку силно чувство на приземност. Во тој миг, сите ваши сетила се засилени, изјави Амбер Волкер.

    Инаку, првото собирање во Чикаго произлегло од брачната криза на еден пар. Основачите Ману Хернандез и Елена Соболева биле на прошетка крај езерото Мичиген кога Хернандез, тренер и инструктор за дишење ѝ предложил на својата сопруга да ги искажат сите свои фрустрации со еден гласен крик на брегот.

    Неочекувано, во таа терапија им се придружиле и малкуте луѓе околу нив во тој миг. Така настанал и првиот „Клуб за вресок“. Состаноците на клубовите се одржуваат неделно или месечно, но секогаш во парк или покрај вода, со цел што е можно помалку да се наруши мирот во околината. Сесиите обично започнуваат со тоа што учесниците пишуваат на биоразградлива хартија од што сакаат да се ослободат. Пред групните вресоци следува низа заеднички длабоки вдишувања и вежби за загревање на гласот.

    – Навистина може да го преоптоварите грлото ако просто почнете да врескате. Затоа сè тоа оди постепено. Дишите од дијафрагмата, го засилувате гласот полека и преминувате на погласно и погласно, објаснува Соболева.

    Сите врескаат трипати заедно, земајќи неколку длабоки вдишувања меѓу вресоците, а потоа ги фрлаат парчињата хартија во водата.

    Техниките на „Клубот на вресок“ се засноваат на „Терапијата со исконски вресок“ – теорија развиена во 1960-тите од психоаналитичарот Артур Јанов. Тој верувал дека трауматските искуства од детството создаваат немири кај возрасните, коишто можат да се третираат под надзор на терапевт и да се ослободат преку врескање и плачење.

    Сепак, научните истражувања не покажуваат дека оваа терапија е делотворна за ментални нарушувања, според Ашвини Надкарни – професорка по психијатрија на Медицинскиот факултет на Харвард.

    – Но, тоа е одлично средство за ублажување на стресот. Самото врескање ги активира мозочните виуги во амигдалата и хипокампусот – „најстариот дел од нашиот мозок“ одговорен за обработка на стрес и емоции. Врескањето го активира и симпатичкиот нервен систем, или одговорот „бори се или бегај“. Кога врескањето ќе престане, се активира парасимпатичкиот систем, кој испраќа сигнал до телото да се одмори. Тоа е истиот регулаторен циклус што се случува кога вежбате. Срцето ви чука забрзано, ви останува без здив, а потоа се опуштате и го чувствувате овој мир, појасни проф. Надкарни.

    Покрај физичкото ослободување од стресот, и самиот собир на луѓето кои прават нешто заедно има придобивки.

    – Замислата луѓето да се собираат и да градат своевидна заедница ослободувајќи се од стресот – е фантастична, вели докторката.

    Хернандез додава дека по сесијата, луѓето остануваат за да разговараат за своите проблеми. Некои членови на огранокот во Чикаго неодамна изгубиле близок, некој се бори со рак по втор пат, а многумина се борат со или за врската или бракот. Волкер забележува дека некои луѓе доаѓаат за да врескаат од радост. Без оглед на причината, огранокот во Сиетл обично се собира непосредно пред зајдисонце за да го гледаат Сонцето како исчезнува зад водата.

    Прочитај повеќе

    Есента им носи вртоглав подем: Овие хороскопски знаци ќе доживеат голем професионален успех, конечно ќе почнат сериозно да печалат

    11.09.2026 во 23:47

    Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт

    11.09.2026 во 23:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.