Close Menu
Press24
    Најново

    ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица

    08.07.2026 во 10:42

    Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали

    08.07.2026 во 10:41

    Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател

    08.07.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ММФ: Геополитичките кризи го прават бакарот сè повреден, Македонија сè уште не ги користи резервите во Иловица
    • Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали
    • Судскиот Совет одлучи: Кривичниот суд доби нов претседател
    • Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено
    • Лазе Еленовски: Ако цената за ЕУ е „висока“, тогаш чесно е на народот да му се каже не чекајте ЕУ следните години
    • Николоски: Товарните возови надвор од Скопје – Почист воздух и побрз карго сообраќај
    • Во три смени се чисти и мие – Скопје исчистено од над 82 илјади тони комунален отпад
    • Утринска драма во Штип: Багер удрил во куќа додека семејството спиело
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тепани мајки, сопруги и деца – полицијата уапси петмина насилници

    Тепани мајки, сопруги и деца – полицијата уапси петмина насилници

    24.03.2026 во 14:003 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пет лица лишени од слобода, а со едно извршен службен разговор за семејно насилство, од вкупно 10 пријави во Скопје, Охрид, Куманово и Битола во последното деноноќие

    На 23.03.2026 во 16:30 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.П.(54) од селото, постапувајќи по претходна пријава дека на 21.03.2026 во семејниот дом физички ја нападнал неговата 76-годишна мајка, при што употребил и тврд предмет.

    На 23.03.2026 во СВР Охрид, полициски службеници извршија службен разговор со А.Т.(29) од Битола, со престој во охридско село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 13:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 27-годишна вонбрачна партнерка.

    На 23.03.2026 во 21:45 часот во СВР Битола, 24-годишна битолчанка пријави дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.А..

    На 23.03.2026 во 20:35 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Џ.А (59) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 63-годишна сопруга.

    На 23.03.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.А.(38) од кумановско село затоа што физички го нападнал неговиот малолетен син.

    На 23.03.2026 во 21:20 часот во СВР Скопје, 41-годишна жена од Скопје пријави дека околу 20:30 часот во продажен објект на подрачјето на Бит Пазар, на нејзината 17-годишна ќерка ѝ биле упатени закани од нејзиниот поранешен партнер В.Б.(20), а откако истата излегла од објектот ѝ покажал дека носи огнено оружје. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал и ја присилувал да биде со него.

    На 24.03.2026 во 06:30 часот во СВР Скопје, 50-годишна жена пријави дека на 23.03.2026 околу 23:00 часот во домот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзината ќерка А.М.К.(21) од Скопје, која претходно агресивно се однесувала и растурила дел од покуќнината.

    На 23.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, 43-годишна жена пријави дека на 21.03.2026 околу 18:00 часот во домот на подрачјето на Бит Пазар била физички нападната од нејзиниот сопруг И.К.(42) од Скопје, кој ѝ го одзел мобилниот телефон.

    На 23.03.2026 во 21:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.Б.(47) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14:40 часот во домот се заканувал на неговата 66-годишна мајка, откако не му го дала мобилниот телефон. Според пријавеното, тој и претходно се заканувал на неговата мајка, а ѝ оштетил и неколку телефони.

    На 23.03.2026 во 17:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода З.М.(51) од Скопје затоа што на 22.03.2026 во домот во скопско упатил закани на неговата 47-годишна сопруга и нејзините родители. Според пријавеното, тој и претходно ѝ се заканувал на сопругата.

    Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

    Прочитај повеќе

    Апсење во Скопје – Полицијата изврши претрес, МВР со детали

    08.07.2026 во 10:41

    Сообраќајка во Скопје: Едно лице тешко повредено

    08.07.2026 во 10:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.