Close Menu
Press24
    Најново

    Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува студен бран

    27.11.2026 во 08:49

    Митева: Собраниската расправа ќе покаже кој навистина се залага за заштита на жените

    27.11.2026 во 08:44

    ФОТО: Вработени во ЈСП фатени на дело при кражба – Ѓорѓиевски вели „го чувам секој ваш денар”

    27.11.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува студен бран
    • Митева: Собраниската расправа ќе покаже кој навистина се залага за заштита на жените
    • ФОТО: Вработени во ЈСП фатени на дело при кражба – Ѓорѓиевски вели „го чувам секој ваш денар”
    • Ѓорѓиевски: „Некогаш првиот снег беше изненадување, нашите екипи се подготвени”
    • Дневен хороскоп: Еден знак го очекува среќа во љубовта, друг многу пари
    • Расте цената на нафтата – Се чека новата одлука на РКЕ
    • Се празнуваат тројца светители, ден посветен на верата и духовноста: Ова се обичаите
    • Сиљановска-Давкова ги пречекува регионалните лидери – Охрид домаќин на Процесот Брдо-Бриони
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува студен бран

    Големи температурни разлики утрово низ Македонија – УХМР најавува студен бран

    27.11.2026 во 08:492 Mins Read
    Press24
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Штип е најтопол град во Македонија утрово, со измерени 12 степени Целзиусови, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за температурата на воздухот во 7 часот.

    По Штип, највисока утринска температура е измерена во Демир Капија, каде се регистрирани 11 степени, додека во Гевгелија температурата изнесува 10 степени.

    Во Скопје утрово се измерени 7 степени Целзиусови.

    Најстудено е на Попова Шапка, каде температурите се спуштиле до 2,7 степени.

    Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и ќе надминат 20 литри на квадратен метар за 24 часа, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

    Минималните температури ќе се движат од 3 до 8 степени, а максималните ќе достигнат од 6 до 12 степени.

    УХМР

    Во Скопје се очекува облачно време со повремени врнежи од дожд, особено во попладневните часови и кон крајот на денот. Температурата ќе се движи од 5 до 10 степени.

    Врнежливото време ќе продолжи и во текот на викендот под влијание на циклонска активност. Во сабота локално се очекуваат пообилни врнежи, кои ќе надминат 30 литри на квадратен метар за 24 часа.

    Со продорот на постуден воздух од север, дождот на некои од пониските места ќе преминува во снег и дожд, додека на повисоките места и на планините ќе врне снег. На планините се очекува формирање снежна покривка до 20 сантиметри, а на повисоките места од 2 до 10 сантиметри.

    Во недела, кон крајот на денот, врнежите постепено ќе престанат, а од понеделник следува стабилно, но студено време.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Митева: Собраниската расправа ќе покаже кој навистина се залага за заштита на жените

    27.11.2026 во 08:44

    ФОТО: Вработени во ЈСП фатени на дело при кражба – Ѓорѓиевски вели „го чувам секој ваш денар”

    27.11.2026 во 08:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.