Close Menu
Press24
    Најново

    ФОТО: Вработени во ЈСП фатени на дело при кражба – Ѓорѓиевски вели „го чувам секој ваш денар”

    27.11.2026 во 08:38

    Ѓорѓиевски: „Некогаш првиот снег беше изненадување, нашите екипи се подготвени”

    27.11.2026 во 08:33

    Дневен хороскоп: Еден знак го очекува среќа во љубовта, друг многу пари

    27.11.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Вработени во ЈСП фатени на дело при кражба – Ѓорѓиевски вели „го чувам секој ваш денар”
    • Ѓорѓиевски: „Некогаш првиот снег беше изненадување, нашите екипи се подготвени”
    • Дневен хороскоп: Еден знак го очекува среќа во љубовта, друг многу пари
    • Расте цената на нафтата – Се чека новата одлука на РКЕ
    • Се празнуваат тројца светители, ден посветен на верата и духовноста: Ова се обичаите
    • Сиљановска-Давкова ги пречекува регионалните лидери – Охрид домаќин на Процесот Брдо-Бриони
    • Тошковски на национална конференција за безбедноста во сообраќајот
    • Исклучување во 9 часот – Проверете која улица во Скопје ќе нема вода
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Вработени во ЈСП фатени на дело при кражба – Ѓорѓиевски вели „го чувам секој ваш денар”

    ФОТО: Вработени во ЈСП фатени на дело при кражба – Ѓорѓиевски вели „го чувам секој ваш денар”

    27.11.2026 во 08:38Updated:27.11.2026 во 08:401 Min Read
    Орце Ѓорѓиевски, Фејсбук
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Вработени во Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) биле затекнати при кражба на поголемо количество нафта од гаражите на претпријатието во Ѓорче Петров, информираше градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

    Како што објави Ѓорѓиевски, случајот бил откриен вчера вечерта од страна на внатрешната контрола на ЈСП, по што веднаш била повикана полицијата.

    Градоначалникот најави дека вработените за кои постојат сомневања ќе бидат отстранети од работа, а очекува и надлежното Обвинителство да отвори постапка и да ја утврди одговорноста.

    „Секој литар нафта во тие гаражи е платен со ваши пари, за автобусите на ЈСП да ве однесат на работа, на училиште и дома. Моја обврска е да го чувам секој ваш денар. Кој и да посегне по него, ќе биде санкциониран, без исклучок“, порача Ѓорѓиевски.

    Тој оцени дека случајот е показател за проблемите со кои со години се соочувало претпријатието, нагласувајќи дека нема да има толеранција за злоупотреби и незаконско работење.

    „Денес, за разлика од минатото, жестоко се постапува против криминалот. За Скопје се бориме со сите сили“, наведува градоначалникот во објавата.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски: „Некогаш првиот снег беше изненадување, нашите екипи се подготвени”

    27.11.2026 во 08:33

    Дневен хороскоп: Еден знак го очекува среќа во љубовта, друг многу пари

    27.11.2026 во 08:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.