Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска ќе учествува на втората национална конференција посветена на безбедноста на сообраќајот во локалната самоуправа.
Тошковски ќе има и воведно обраќање на конференцијата, која ја организира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

