УХМР ги измери температурите во градовите низ Македонија утринава. Најстудено утрово е на Попова Шапка со 5 степени, по што следи Берово со 8 степени.

Во гевгелија се измерени 17 степени со што е најтоплото место.

Во Скопје во осум часот УХМР измери 13 степени.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во североисточните делови повремено ќе биде засилен, претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на релативно стабилно време, со сончеви периоди во текот на денот. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните ќе се движат во границите на просекот за овој период од годината.

До недела ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот и ќе биде од јужен правец.

Exit mobile version