Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи 557-та седница, на чиј дневен ред се повеќе точки поврзани со работата и функционирањето на судовите.
Членовите на Советот ќе ги разгледуваат и усвојуваат тримесечните извештаи за работата на судовите за периодот април – јуни 2026 година.
На дневен ред е и извештајот по објавениот оглас за избор на претседатели на Основниот суд Гостивар, Основниот суд Дебар и Основниот суд Свети Николе.
Ќе се разгледува и извештајот на Комисијата за проверка на навременоста на пријавите и комплетноста на документацијата по огласот за избор на претседател на Апелациониот суд Скопје и на Основниот суд Струга.
Пред членовите на Судскиот совет ќе биде презентиран и извештајот од работната посета на Основниот кривичен суд Скопје.
На седницата се предвидени и точки за избор и разрешување на судии-поротници, како и расправа и одлучување по извештаите за констатирана состојба.


