Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ФОТО: Тажна вест – Почина пионерката на македонската анимација

    ФОТО: Тажна вест – Почина пионерката на македонската анимација

    22.09.2026 во 09:592 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Со неизмерна почит, Друштвото на филмски работници се збогува од својата долгогодишна и истакната членка, Тонкица Митровска, пионерка на македонскиот анимиран филм и уметница која остави неизбришлив белег во македонската кинематографија.

    Нејзиното заминување претставува голема загуба за македонската филмска и културна сцена, но нејзиното богато творештво останува како траен спомен на една исклучителна професионална и уметничка посветеност.

    Друштво на филмски работници 

    Како дипломиран графичар, Тонкица Митровска беше една од темелните фигури на прочуената „Скопска анимирана школа“, создадена во рамките на Студиото за анимација на „Вардар филм“. Со својот препознатлив ракопис и исклучителна посветеност, со децении го вградуваше својот талент во визуелната меморија на генерации гледачи.

    Соработувајќи со најзначајните авторски и режисерски имиња на македонската анимација, таа учествуваше во создавањето на повеќе од 20 анимирани остварувања. Како аниматор, фазер и цртач, со својата прецизност, чувството за движење и визуелна суптилност, даде значаен придонес кон создавањето на дела што оставија трага во историјата на македонскиот анимиран филм.

    Во текот на својот децениски творечки опус, Тонкица Митровска неуморно го развиваше јазикот на анимацијата, придонесувајќи за неговата уметничка зрелост и за подигнувањето на професионалните и естетските стандарди на македонската анимација. Нејзиниот придонес не се мери само низ бројот на остварувањата во кои учествуваше, туку и низ трајната вредност на нејзиниот професионален и уметнички печат.

    За нејзиниот исклучителен професионален ангажман, значајниот придонес и долгогодишната посветеност кон филмската уметност, ДФРМ ѝ ја додели престижната награда „Златна рамка“ во 2021 година. Нејзиниот животен и творечки опус беше одбележан и со признанието „Златен објектив“, кое Кинотеката на Македонија ѝ го додели во 2023 година.

    Со нејзиното заминување македонската филмска заедница изгуби извонреден професионалец, предана колешка и тивка, но исклучително значајна уметничка сила. Нејзината скромност, ведрина и посветеност беа дел од нејзината личност исто толку колку што нејзината работа беше дел од историјата на македонската анимација.

    Тонкица Митровска зад себе остава дело што продолжува да живее во филмовите на кои им го посвети својот талент, во сеќавањата на колегите и соработниците и во колективната културна меморија.

    Нејзиниот творечки придонес останува трајно вграден во темелите на македонската кинематографија.

    ДФРМ изразува најдлабоко сочувство до семејството, пријателите, колегите и сите кои ја познаваа и ја ценеа Тонкица Митровска.

    Нека почива во мир.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Од Скопје отишле во Делчево па краделе по маркети – полицијата ги приведе

    29.10.2026 во 20:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.