Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонската полиција влезе во домот на младо момче – Веднаш го приведе
    • ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус
    • Трамп застана на страната на Русија – го брани Путин
    • Три дена одмор пред нас: УХМР со временска за продолжениот викенд
    • Се очекува температурата да падне до -40 степени – Градовите во оваа земја веќе се покриени со снег
    • Двајца мажи се борат за живот – со стапови брутално ги тепале по глава, хорор во соседството
    • Ден посветен на верата и покајанието: Се празнува Преподобна Пелагија, има неколку важни обичаи
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ освои 707 гласови во Брвеница, резултатот е порака до Филипче
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тажна вест: Почина новинарката Ирена Радовановиќ

    Тажна вест: Почина новинарката Ирена Радовановиќ

    08.05.2026 во 10:541 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонското новинарство денеска загуби еден од своите најпрепознатливи гласови во внатрешната политика. По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на Медиумската информативна агенција (МИА), Ирена Радовановиќ.

    Радовановиќ ја започна својата кариера во неделникот „Фокус“ во 1991 година, каде работеше една деценија. Нејзиниот професионален пат продолжи низ редакциите на „Вечер“, „Нова Македонија“, „Македонија денес“ и неделникот „Денес“. Својот новинарски печат го остави и во неделникот „Форум“, дневниот весник „Дневник“ и Радио „Слободна Македонија“.

    Од 2014 година, таа беше дел од внатрешно-политичката редакција на МИА, работејќи како новинар и аналитичар. Колегите ја опишуваат како исклучителен професионалец чија посветеност трајно ќе остане запаметена во фелата.

    Од својата долгогодишна колешка се збогуваше и директорот на МИА, Дарко Јаневски, кој преку социјалните мрежи ја сподели тешката вест: „Си замина нашата Ирена. Се боревме година и половина. Тешко, со болка, но и со надеж. Мала, но надеж. На крај, се предаде. Така, има години, месеци и денови кои се баш тешки. Овие се токму такви“, напиша Јаневски.

    МИА изрази длабоко сочувство до нејзиното семејство. Погребот ќе се изврши утре на гробиштата во Радишани во 11:00 часот, а телото ќе биде изложено во капелата од 10:30 часот.

    Прочитај повеќе

    Македонската полиција влезе во домот на младо момче – Веднаш го приведе

    21.10.2026 во 10:00

    Хорор за скопјанка: Екс-партнерот ја истепал и ја оставил без телефон и паричник

    21.10.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.