Таравари е за настава со физичко присуство, но смета дека треба да се размисли за одложување на стартот на учебната година

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари на денешната прес конференција посочи дека се согласува со министерката за образование и наука Мила Царовска дека наставата треба да започне со физичко присуство.

„Мислам дека треба учениците да одат во училиште, меѓутоа бројките се загрижувачки. Факт е дека бројките се покачуваат и во Германија, Америка, Косово, Албанија и Бугарија, но доколку гледате процентуално во однос на бројот на жители во Македонија тоа е екстремно покачување, затоа можеби треба да размислуваме за одложување 3-4 недели. Можеби некој хибриден начин на одење, еден ден да одат, еден ден не, но тоа нека го кажат експертите и комисијата за заразни болести“, порача Таравари.

19.08.2021 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега