Приведен радовишанец поради фалсификувана возачка дозвола, отпосле му пронашле и дрога

Вчера во 22.25 часот на улица „Димитар Влахов“ во Велес полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Н.Ц.(24) од Радовиш, поради тоа што управувал патничко возило со фалсификувана возачка дозвола, а при прегледот од страна на полициски службеници од СВР Велес кај него била пронајдена и одземена и марихуана.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.

26.06.2024 - 12:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега