Македонската пејачка Тамара Тодевска се прости од својот колега и пријател, Владо Јаневски.
-Премногу направено, дадено и оставено… стиховите на кој никој не остануваше рамнодушен ќе бидат потврда за твојата вечност и големина.
Ми беше чест што те познавав.
Патувај мирно, драг мој Владо, напиша Тамара на Инстаграм.
Македонската музичка сцена вчера изгуби едно од своите најголеми и најпрепознатливи имиња. По кратко боледување, на 66-годишна возраст почина познатиот музичар и пејач кој себе остави богата музичка кариера со безброј хитови кои ја одбележаа македонската поп-музика во изминатите неколку децении.
Тој важеше за еден од најдобрите кантавтори и вокалисти на овие простори, чии рефрени се пеат од многу генерации.

