Талибанците го преименуваа аеродромот во Кабул

 

Талибанското радикално движење, кое сега е на власт во Авганистан откако во август ја презедоа контролата во земјата, го преименуваа аеродромот во Кабул.


Аеродромот досега го носеше името на поранешниот авганистански претседател Хамид Карзаи, пренесува Б92.


Руски медиуми пренесуваат дека преименуван е и плоштадот кој го носеше името на авганистанскиот командант Ахмад Шах Масуд (1953-2001), чиј син Ахмад Масуд е на чело на движењето на отпорот во провинцијата Панџшир

10.09.2021 - 19:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега