Талески: ВМРО-ДПМНЕ функционира во криминално стекнат имот

Пратеникот на СДСМ Миле Талески во емисијата Клан дебата на Телевизија Клан кажа дека е ВМРО-ДПМНЕ е квалификувана како злосторничко здружение.
- Со судска пресуда е потврдено дека Белиот дворец таму каде што ВМРО-ДПМНЕ функционира е стекнат на криминален начин, односно со злоупотреба на парите на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ функционира во луксузен дворец каде една вазна чини 180.000 евра, има тепих од 20.000 евра, паркет од 70.000 евра и тие денес зборуваат за имоти, порача Талески.
 
Талески посочи дека согласно закон секој функционер мора да достави анкетен лист до Државната комисија за спречување на корупцијата. 
 

 

- Секој државен функционер има обврска според закон да го пријави имотот, доколку не го стори тоа тој ќе биде санкциониран според истиот закон. Ја повикуваме ДКСК да ги санкционира сите кои во предвидениот рок не поднеле анкетен лист без разлика на која партија припаѓаат и без разлика која функција ја извршуваат, повика Талески.
27.10.2022 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега