Close Menu
Press24
    Најново

    Ѓорѓиевски: Од депонија до мега-парк во Карпош

    10.11.2026 во 20:05

    Филипче: Како не знаеле кој е Мацура, добро знаеле, Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ

    10.11.2026 во 19:37

    Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција

    10.11.2026 во 18:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ѓорѓиевски: Од депонија до мега-парк во Карпош
    • Филипче: Како не знаеле кој е Мацура, добро знаеле, Алта банка е дел од политичките концесии кон Вучиќ
    • Стојаноски: Вештачката интелигенција и дигитализацијата ќе ги унапредат јавните набавки и ќе ги намалат ризиците од корупција
    • Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан
    • Која е Кристи Меккормик – предлогот на Трамп за нова амбасадорка во Македонија
    • Над 90 уапсени во Србија од предвремените парламентарни избори досега
    • Откриени повеќе од 20.000 профили на TикТок поврзани со педофилија во Шпанија
    • Муцунски ја отвори македонската Амбасада во Вилнус: Ново поглавје во односите со Литванија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тага во Нови Сад: Една година потоа правдата сѐ уште се чека

    Тага во Нови Сад: Една година потоа правдата сѐ уште се чека

    01.11.2025 во 13:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Колони граѓани од цела Србија денеска се упатуваат кон Нови Сад за да присуствуваат на комеморативниот собир по повод годишнината од трагедијата на железничката станица, во која загинаа 16 лица, вклучително и еден македонски државјанин.

    Граѓаните во Нови Сад палат свеќи и оставаат цвеќе на оградата на железничката станица. Во градот има огромно полициско присуство. Поставени се и штандови со вода и сокови за присутните на комеморацијата. 

    Трагедијата се случи пред точно една година кога се урна бетонска настрешница на реновираната станица. Во несреќата загинаа 16 луѓе, а едно девојче беше тешко повредено. До денес, за несреќата не е утврдена кривична одговорност. Во Србија денеска е прогласен и Ден на жалост.

    По повод годишнината, во Белград се одржа парастос за жртвите во храмот Свети Сава, на кој присуствуваа претседателот Александар Вучиќ и членови на Владата.

    Патријархот Порфирије во својата беседа повика на мир.

    „Прво во секој од нас, потоа мир меѓу нас. Нека Господ ни даде на сите нас, духовните чеда на Свети Сава, спознание дека сме потребни едни на други, чувство дека сме едно“, рече патријархот Порфирије.

    Претседателот Вучиќ преку Инстаграм порача дека овој ден ја променил Србија засекогаш.

    „Помина една година од денот што ја промени Србија засекогаш. Шеснаесет животи беа згаснати поради падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Денеска палиме свеќа за секој од нив, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и сеќавања засекогаш ќе останат во нашите срца“, рече Вучиќ.

    Прочитај повеќе

    Над 90 уапсени во Србија од предвремените парламентарни избори досега

    10.11.2026 во 17:43

    Бројката на загинати се искачи на 12, прогласена вонредна состојба во три општини во Бугарија

    10.11.2026 во 14:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.