Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    РКЕ донесе одлука – ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

    13.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Баро: Има обиди за мешање во француските претседателски избори, меѓу кои и од Елон Маск
    • 102 санкции за пребрзо возење во Скопје
    • Пронајден мртов актерот Р.Џ. Мити, познат по серијата „Breaking Bad“
    • Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана
    • Возел без положен возачки испит: Полицијата му ја одзеде „опел корсата“
    • Бен Афлек двапати бил блокиран на Инстаграм
    • Николоски: Градиме истоверемено шест автопати, на Македонија и се случува силен инфраструктурен развој
    • Папата Лав опериран во Рим: Отстранет израсток од белодробното крило, ќе остане во болница една недела
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тага во Нови Сад: Една година потоа правдата сѐ уште се чека

    Тага во Нови Сад: Една година потоа правдата сѐ уште се чека

    01.11.2025 во 13:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Колони граѓани од цела Србија денеска се упатуваат кон Нови Сад за да присуствуваат на комеморативниот собир по повод годишнината од трагедијата на железничката станица, во која загинаа 16 лица, вклучително и еден македонски државјанин.

    Граѓаните во Нови Сад палат свеќи и оставаат цвеќе на оградата на железничката станица. Во градот има огромно полициско присуство. Поставени се и штандови со вода и сокови за присутните на комеморацијата. 

    Трагедијата се случи пред точно една година кога се урна бетонска настрешница на реновираната станица. Во несреќата загинаа 16 луѓе, а едно девојче беше тешко повредено. До денес, за несреќата не е утврдена кривична одговорност. Во Србија денеска е прогласен и Ден на жалост.

    По повод годишнината, во Белград се одржа парастос за жртвите во храмот Свети Сава, на кој присуствуваа претседателот Александар Вучиќ и членови на Владата.

    Патријархот Порфирије во својата беседа повика на мир.

    „Прво во секој од нас, потоа мир меѓу нас. Нека Господ ни даде на сите нас, духовните чеда на Свети Сава, спознание дека сме потребни едни на други, чувство дека сме едно“, рече патријархот Порфирије.

    Претседателот Вучиќ преку Инстаграм порача дека овој ден ја променил Србија засекогаш.

    „Помина една година од денот што ја промени Србија засекогаш. Шеснаесет животи беа згаснати поради падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Денеска палиме свеќа за секој од нив, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и сеќавања засекогаш ќе останат во нашите срца“, рече Вучиќ.

    Прочитај повеќе

    Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана

    13.10.2026 во 22:47

    Единаесет морнари исчезнати по нападот со дрон врз товарен брод во близина на Бугарија

    13.10.2026 во 19:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.