Close Menu
Press24
    Најново

    Родители на жртвите ќе му поставуваат прашања – Коста Кецмановиќ ќе сведочи во постапката против родителите

    25.03.2026 во 10:42

    Мицкоски: Ги движиме работите напред без галама – СДСМ се осудени на пропаст

    25.03.2026 во 10:35

    Тинејџер подготвувал терористички напад: Полицијата во Сиднеј спречи крвопролевање

    25.03.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Родители на жртвите ќе му поставуваат прашања – Коста Кецмановиќ ќе сведочи во постапката против родителите
    • Мицкоски: Ги движиме работите напред без галама – СДСМ се осудени на пропаст
    • Тинејџер подготвувал терористички напад: Полицијата во Сиднеј спречи крвопролевање
    • Приведени 25 возачи низ Македонија – „Летале” по улиците, возеле пијани и без дозволи
    • Земјотрес во Босна и Херцеговина: Се стресе јужно од Тешањ
    • Мицкоски најавува регионална иницијатива за инвестиции во енергетиката
    • Биопрогноза: Внимателно со притисокот и главоболките, променливото време носи нервоза
    • Исчистена дива депонија во Маџир Маало: Собрани над 12 тони отпад, Герасимовски апелира за поголема одговорност
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Тага во Нови Сад: Една година потоа правдата сѐ уште се чека

    Тага во Нови Сад: Една година потоа правдата сѐ уште се чека

    01.11.2025 во 13:272 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Колони граѓани од цела Србија денеска се упатуваат кон Нови Сад за да присуствуваат на комеморативниот собир по повод годишнината од трагедијата на железничката станица, во која загинаа 16 лица, вклучително и еден македонски државјанин.

    Граѓаните во Нови Сад палат свеќи и оставаат цвеќе на оградата на железничката станица. Во градот има огромно полициско присуство. Поставени се и штандови со вода и сокови за присутните на комеморацијата. 

    Трагедијата се случи пред точно една година кога се урна бетонска настрешница на реновираната станица. Во несреќата загинаа 16 луѓе, а едно девојче беше тешко повредено. До денес, за несреќата не е утврдена кривична одговорност. Во Србија денеска е прогласен и Ден на жалост.

    По повод годишнината, во Белград се одржа парастос за жртвите во храмот Свети Сава, на кој присуствуваа претседателот Александар Вучиќ и членови на Владата.

    Патријархот Порфирије во својата беседа повика на мир.

    „Прво во секој од нас, потоа мир меѓу нас. Нека Господ ни даде на сите нас, духовните чеда на Свети Сава, спознание дека сме потребни едни на други, чувство дека сме едно“, рече патријархот Порфирије.

    Претседателот Вучиќ преку Инстаграм порача дека овој ден ја променил Србија засекогаш.

    „Помина една година од денот што ја промени Србија засекогаш. Шеснаесет животи беа згаснати поради падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Денеска палиме свеќа за секој од нив, молејќи се во тишина и верувајќи дека нивните имиња и сеќавања засекогаш ќе останат во нашите срца“, рече Вучиќ.

    Популарно

    Родители на жртвите ќе му поставуваат прашања – Коста Кецмановиќ ќе сведочи во постапката против родителите

    25.03.2026 во 10:42

    Мицкоски: Ги движиме работите напред без галама – СДСМ се осудени на пропаст

    25.03.2026 во 10:35

    Тинејџер подготвувал терористички напад: Полицијата во Сиднеј спречи крвопролевање

    25.03.2026 во 10:33

    Приведени 25 возачи низ Македонија – „Летале” по улиците, возеле пијани и без дозволи

    25.03.2026 во 10:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.