Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • „Лајка“ со септемвриски биланс: Најмногу кучиња заловени во Бутел, Кисела Вода и Аеродром
    • „Ќе им дадам по 5.000 долари“: Трамп со ветување за Американците
    • ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”
    • Зачнување на Свети Јован Крстител: Што значи празникот и кои се обичаите
    • Македонија се разбуди во минус, па температурите нагло ќе скокнат – Времето прави пресврт
    • Левица против предлогот за неработните денови: „Работничките права не се трошок“
    • ФОТО: По три месеци во кома – Почина младиот Никола кој беше претепан летово, трагедија го потресе регионот
    • УЈП со важно соопштение до граѓаните – Не наседнувајте на оваа измама
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Свети Тома седи дома“: Денес е тежок празник

    „Свети Тома седи дома“: Денес е тежок празник

    19.10.2025 во 09:332 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Православните верници денес го одбележуваат споменот на Свети апостол Тома, еден од дванаесетте големи апостоли и единствениот кој отворено се посомневал во воскресението Христово.

    Настанот поврзан со неговото „неверување“ се слави во неделата по Велигден, но 19 октомври е денот посветен на самиот апостол Тома, кој го ширел христијанството во Палестина, Персија и Индија, каде што и бил убиен со копја. Неговите мошти подоцна биле пренесени во Едеса, а потоа во Цариград.

    Според Евангелието, токму преку сомнежот на Тома доаѓа потврдата за воскресението на Христа, кога Исус му вели:„Дај ја раката своја и стави ја во ребрата Мои; и не биди неверлив, но верлив!“

    А Тома возвикнува „Господ мој и Бог мој!“ (Јован 20)

    По слегувањето на Светиот Дух, на апостол Тома му се паднала мисијата да ја шири верата во Индија. Таму тој ги обраќал и богати и сиромашни, основал цркви, поставувал свештеници и епископи, а со својата проповед го засилил христијанството на исток.

    Народни верувања и обичаи за Томинден

    Во народното верување, Свети Тома се смета за вреден и праведен човек, па затоа е заштитник на многу занаетчии. Како еснафска слава, Томинден го празнуваат столари, копери, зидари и пожарникари.

    Се верува дека ако се налути, Свети Тома може да предизвика нов потоп, но според народните преданија, Пресвета Богородица го чува и спречува тоа да се случи.

    Во некои краеви постои верување дека празникот штити од волци, а се смета и дека маст од зајак фатен на Томинден е лековита – се чувала за ублажување на болки во коски и за полесен пораѓај.

    Едно предание вели дека светиот бил вешт столар кој отсекогаш делел дрво на камен, а не на трупец. Кога ѓаволот се појавил во облик на убава девојка за да го искушува, Тома ја затапил секирата на каменот, се налутил и, според легендата, со силен дожд го удавил ѓаволот.

    Свети апостол Тома со своето неверување ја утврдил верата во воскресението, а со својата мисија ја проширил Христовата порака до најдалечните делови на светот. Денес, Томинден се празнува како ден на верата, трудот и истрајноста.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.