Close Menu
Press24
    Најново

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11

    Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење

    28.05.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”
    • УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово
    • Првпат на листатата: Министерството за здравство воведува лекови за одвикнување од пушење
    • Невреме го зафати и Куманово и Струмица
    • Манасиевски: Филипче е подготвен за уставни измени и редефинирање на историјата, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи погазување на достоинството
    • Предупредување за пчеларите: Од први јуни започнува авионската дезинсекција против комарци во Скопје
    • Невреме го зафати Штип: Силни грмежи, пороен дожд и ветер
    • (ФОТО) „Крај за бркањето глодари и неисправни бојлери“: Јаневска најави модерни услови во реновираните студентски домови од новата академска година
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Свечено отворен македонскиот павилјон на 61. Венециско биенале

    Свечено отворен македонскиот павилјон на 61. Венециско биенале

    09.05.2026 во 11:162 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“,вчера свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција.

    На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or open?“ од уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес, пред присутните се обрати државниот секретар во Министерството за култура и туризам,Марија С. Ѓоргова.

    Ѓоргова во своето обраќање истакна дека учеството на Република Македонија претставува „јасна потврда дека македонската култура има што да каже на јазикот на современата уметност“.

    Говорејќи за делото на Жерновски, Ѓоргова посочи дека станува збор за силен и слоевит уметнички израз, во кој класичниот мотив на Пиета е трансформиран во современ визуелен јазик што ги поврзува историското наследство и актуелните состојби во светот.

    Таа ја истакна и симболиката на „златните“ заштитни фолии, кои, како што рече, се истовремено и заштита и аларм, потсетник на времето на кризи, но и на потребата човечноста повторно да биде осмислена.

    Според Ѓоргова, поставувањето на македонскиот павилјон во „Ex Capella Buon Pastore“ му дава дополнителна димензија на делото, кое „станува мост меѓу минатото и сегашноста, меѓу интимното и универзалното“.

    Ѓоргова се осврна и на концептот на годинашното издание на Биеналето, под кураторство на Којо Куо и со наслов „In Minor Keys“ (Во молски тоналитет), нагласувајќи дека оваа тема отвора простор за тивки, суптилни и често занемарени приказни, кои повикуваат на емпатија, размислување и суштински отпор во време на глобални предизвици.

    На годинашното 61. Биенале на уметноста учествуваат над сто уметници и се претставени над 80 национални павилјони од целиот свет, кои преку разновидни медиуми и пристапи ги адресираат клучните теми на денешницата – од миграции и климатски промени до политички конфликти и идентитетски прашања.

    Прочитај повеќе

    (ФОТО) Герасимовски на терен: Се затрупува и обезбедува градилиштето на „Теодосиј Гологанов”

    28.05.2026 во 13:19

    УХМР со најнови детали: Врнежи и грмежи во Кумановско и Скопско, невреме во Валандово

    28.05.2026 во 13:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.