На 14 септември 2026 година, во 13:35 часот, полициски службеници од СВР Велес извршиле службен разговор со 38-годишната А.Ј. од Велес, по претходна пријава дека не ја почитувала судската одлука со која ѝ било забрането да го вознемирува, да му се приближува и директно или индиректно да комуницира со нејзиниот 36-годишен поранешен партнер.
Според пријавата, таа му се јавувала на телефон и му испраќала пораки преку социјалните мрежи со навредлива и заканувачка содржина.
Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

