Close Menu
Press24
    Најново

    Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид

    11.07.2026 во 15:42

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Николоски: Градиме бројни капитални проекти во Охрид
    • Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз
    • Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп
    • Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
    • СДСМ: Нов скандал на Тошковски, му избега притворен наркодилер од полициска станица во Кочани
    • МОН вложува 5,5 милиони евра во образовната инфраструктура во Охрид
    • Чаир го одбележа Денот на сеќавање на геноцидот во Сребреница
    • Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Студија на УКИМ: Во последните две децении ЕВН инвестираше 837,46милиони евра, а 100 % од добивката е реинвестирана во земјата

    Студија на УКИМ: Во последните две децении ЕВН инвестираше 837,46милиони евра, а 100 % од добивката е реинвестирана во земјата

    12.05.2026 во 15:432 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Социо-економските студии изработени од Економскиот факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Свети Кирил и Методиј од Скопје по повод 20 годишнината на ЕВН на македонскиот пазар ја потврдуваат значајната улога на компанијата во развојот на македонската економија и енергетскиот сектор.

    Според анализите, целокупната остварена добивка во изминатите 20 години останала во земјата и е реинвестирана во националната економија. Во студијата се заклучува дека ниту едно евро не е исплатено кон матичната компанија, наспроти просекот на странските инвеститори во земјата што во просек 70% од добивката ја трансферираат надвор од земјата. Имено, 100% од добивката на ЕВН Македонија се насочуваат кон нови инвестиции и развој на локално ниво, целосно се реинвестира во модернизација на електродистрибутивната мрежа, воведување современи технологии, инвестиции во обновливи извори на енергија, дигитализација и континуирано унапредување на услугите за корисниците.

    Во рамки на промоцијата на студијата за социо-економското и енергетското влијание на ЕВН во Македонија, на 29 април во Скопје се одржа и панел-дискусија модерирана од проф. д-р Никица Мојсова-Блажевски. Во дискусијата учествуваа проф. д-р Кирил Јовановски и проф. д-р Александра Јанеска-Илиев од Економски факултет – Скопје, како и проф. д-р Александра Крколева-Матеска и проф. д-р Мирко Тодоровски од ФЕИТ.

    Панелистите ги истакнаа клучните показатели што го дефинираат развојот на компанијата во изминатите две децении и посочија дека во наведениот период ЕВН Македонија реализирала вкупни инвестиции од 837,46 милиони евра, при што за секое едно евро потрошено за набавки од страна на компанијата, македонската економија генерира дополнителни 0,58 евра вредност. Воедно, изградени се 5.561 километри нова и реконструирани 3.056 километри постојна мрежа, како и 1.368 нови и 1.761 модернизирани трафостаници. Студијата ги нотира и позитивните трендови во корпоративното управување и дигитализацијата, при што учеството на жени на раководни позиции достигнува 29,1%, загубите во мрежата се намалени од 24 % на 14%, а речиси
    половина од сите трансакции, односно 49,7%, се реализираат преку дигитални канали.

    Прочитај повеќе

    Финализирани координациите за реализација на проектот Брз автобуски превоз

    11.07.2026 во 15:18

    Словенец од јарбол го симнал и запалил македонското знаме пред општина Прилеп

    11.07.2026 во 15:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.