Студентското движење „Студенти во блокада – Белград“ преку својот официјален профил на Фејсбук се огради од упадите во медиумите и институциите, повикувајќи ги граѓаните на мирно и достоинствено прославување на изборната победа.
„Ја разбираме среќата, емоциите и потребата конечно да ја прославиме победата по сè што поминавме,.Но, сега е важно да останеме достоинствени и одговорни“, се наведува во објавата.
Студентите нагласуваат дека не поддржуваат упади во медиумски куќи и институции, ниту повикуваат на такви постапки.
„Медиумите ќе ги ослободуваме во Собранието, преку институционална борба за слобода и професионално новинарство“, порачаа студентите.
Тие ги повикаа граѓаните по завршувањето на прославата на плоштадот Славија во Белград мирно да се разотидат и да се вратат во своите домови.
„Победата ја извојувавме заедно, да го зачуваме нејзиното достоинство!“, се наведува во пораката.

