Утре, 27 октомври, поради планирани интервенции на водоводната и електродистрибутивната мрежа, прекини во снабдувањето ќе има во повеќе делови на Скопје и околината.
Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради чистење на резервоарот во Батинци, без вода од 9:00 часот ќе останат корисниците од Батинци, во Општина Студеничани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.
Прекин ќе има и во Чаир, каде поради исклучување на стара водоводна мрежа на улицата „Чаирска“ без вода ќе останат корисниците од улиците „Чаирска“, „Отокар Кершовани“, „Васил Аџиларски“, „397“, „Мимар Синан“, „Албански Националдемократи“ и „Петар Георгиев“.
И таму водоснабдувањето ќе биде прекинато од 9:00 часот до завршување на интервенцијата.
Планиран прекин во снабдувањето со електрична енергија е најавен и во Горно Соње, Општина Сопиште. Од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат корисниците во месноста кај црквата „Св. Никола“.

