Украинскиот претседател Володимир Зеленски јавно изрази револт поради доцнењето на воената помош, истакнувајќи дека Украина веќе речиси еден месец чека американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, да го одобри и потпише трансферот на преку потребните ракети за системите за противвоздушна одбрана.
Според изјавата што ја објави на неговиот Телеграм канал, Зеленски нагласи дека воената помош не смее да биде предмет на долготрајни административни закочувања во критични моменти за земјата.
„Скоро месец дена го чекаме потписот на господинот Хегсет за ракетите за ‘Патриот’ и ‘НАСАМС’. Наложив за ова прашање повторно да се разговара со американската страна“, изјави Зеленски, додавајќи дека на неодамнешниот состанок добил извештај за тековната состојба со снабдувањето и недостигот на клучни ракети-пресретачи за противваздушната одбрана.
Украинскиот лидер порача дека не може да се ветува воена опрема, а потоа испораката да се одолговлекува со месеци, предупредувајќи дека ваквите доцнења директно ја загрозуваат одбранбената способност на земјата пред предстојните безбеденсни предизвици.

