Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    26.10.2026 во 09:20

    Падна македонски камионџија во Франција – во камионот имало 68 кг кокаин

    26.10.2026 во 15:30

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Собрание: Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија
    • Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека добрите односи меѓу Македонија и Србија ќе продолжат да се развиваат
    • Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга
    • Алармантна состојба во француската трговија: Прометот намален за 80 отсто поради секојдневните протести и вандализам
    • Паднал од четирицикл, тешко повреден маж
    • Јанкуловски: Со Ребалансот породолжува поддршката на развојните капитални инвестиции 
    • Украина: Воената состојба и мобилизацијата продолжена за 90 дена
    • МЗ: Се проширува достапноста на современата терапија за лицата со дијабетес
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Собрание: Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

    Собрание: Потврдена поддршката на Полска за европскиот пат на Македонија

    26.10.2026 во 19:372 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Полска денеска во Собранието одржа средба со потпретседателот на полскиот Сејм, Шимон Холовња и делегацијата.

    На средбата, како што информираат од собраниската прес-служба, покрај претседателката на Групата Даниела Николова, присуствувале и членовите Оливер Спасовски, Весна Бендевска, Жан Дрвошанов и Драгана Бојковска.

    Претседателката на Групата, Николова им посакала добредојде на потпретседателот Холовња и на членовите на полската делегација, изразувајќи задоволство од можноста за средба и размена на мислења. Таа ги истакнала добрите и пријателски односи меѓу Република Македонија и Република Полска, нагласувајќи ја потребата од нивно натамошно продлабочување и унапредување.

    Потпретседателот на полскиот Сејм, Холовња се заблагодарил за топлото добредојде потврдувајќи ја полската поддршката на патот кон ЕУ. Тој истакнал дека земјата има значајно искуство во надминувањето на предизвиците и изнаоѓањето решенија за сложени прашања, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се надминат и отворените прашања со Република Бугарија.

    Соговорниците ја истакнале досегашната соработка помеѓу двете земји во областа на економијата, туризмот и образованието, исто така, била нагласена и потребата од нејзино проширување и продлабочување во повеќе сектори и тоа не само на ниво на билатерална соработка туку и на ниво на работни тела/комисии бидејќи тие се сржта на парламентаризмот.

    Томаш Глоговски, претседателот на Пратеничката група за соработка Полска – Балкан во полскиот Парламент ја потврдил поддршката за европските интеграции на Република Северна Македонија. Тој истакнал дека ги разбира предизвиците со кои се соочува земјата во моментот на евроинтегративниот пат, изразувајќи надеж дека во блиска иднина ќе се најде заемно прифатливо решение.

    На крајот на средбата, соговорниците изразиле подготвеност за продолжување на соработката преку интензивирање на меѓусебните контакти и размена на искуства, со цел зајакнување на билатералните односи и продлабочување на пријателските врски меѓу двете земји

    Прочитај повеќе

    Мицкоски телефонски разговарал со Срдановиќ: Верувам дека добрите односи меѓу Македонија и Србија ќе продолжат да се развиваат

    26.10.2026 во 19:23

    Со остар предмет ја нападнал вонбрачната сопруга

    26.10.2026 во 19:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.