Странски експерти го испитувале автопатот „Струма“:Банкините биле неправилно поставени

Неправилно поставени биле банкините на автопатот Струма, каде што се случи автобуска несреќа, а во која починаа 45 македонски патници, а 7 преживеаја. 

Ваква констатација донеле меѓународни експерти кои биле задолжени од Институтот за сообраќајна безопасност од Бугарија за да направат непристрасна експертска проверка условите на патот.

- Увидот утврди дека заштитните патни системи / заштитни огради / не се поставени според барањата. На подрачјето на несреќата се случиле бројни несреќи, при што се оштетени заштитните огради. Во овој случај, во средната разделна лента можеме да видиме дека има преинсталирање на објектот. Сигурно имало претходна несреќа во истата област. Приклучокот на заштитната ограда е неправилно монтиран со две завртки наместо четири, по потреба.

Ова е причината поради која заштитната ограда се скина и покрај малата брзина со која удри автобусот. Утврдено е и дека недостасуваат знаци, а има и оштетени ознаки, велат од Институтот. Наводите од анализата Институтот преку отворено писмо ги испрати до бугарското Јавно обвинителство и до Министерството за регионален развој.

Според информациите на Институтот, Регионалната управа за патишта два месеци пред несреќата утврдила дека на местото фалел знак и бараат истражните органи оваа информација да ја проверат.

02.12.2021 - 11:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа