Столтенберг: „Соработката на ЕУ и НАТО поважна од кога било“

 

Шефот на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека соработката на алијансата со Европската Унија во моментов е „поважна од кога било“ поради руската инвазија на Украина.

На прес-конференцијата по повод потпишувањето на третата заедничка декларација со Европа во седиштето на НАТО во Брисел, генералниот секретар на воената алијанса рече: „Ние сме решени да го подигнеме партнерството меѓу НАТО и ЕУ на повисоко ниво.”

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен заедно со Столтенберг потпишаа декларација за соработка.

Тие, исто така, потсетија на моментот минатиот февруари кога истите тројца лидери се состанаа за да разговараат за инвазијата на рускиот претседател Валдимир Путин.

„Претседателот Путин сакаше да ја окупира Украина за неколку дена и да не подели. Очигледно потфрли во двете точки“, рече првиот човек на НАТО алијансата.

10.01.2023 - 13:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега