Петрушевска: Посакуваме час поскоро стабилна Влада во Бугарија

 

Пратеничката Марија Петрушевска имаше кратко обраќање на Постојаниот Комитет на ПС на Советот на Европа.

-Извештајот и известувачите на ПССЕ кој се однесува на предвремените Парламентарни избори во Бугарија, дава препораки за унапредување ”чекори понатака” бидејќи очигледни се следните 8ми предвремени Парламентарни избори.

Ние како Влада и парламентарно мнозинство посакуваме час поскоро стабилна Влада во соседна Бугарија со која ќе може да разговараме за придвижување на европската интеграција.

Особено е важно што во Извештајот се дава препорака за вклученоста на малцинствата и нивното учество во политичкиот живот, истакнува Петрушевска.

29.11.2024 - 20:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега