По смртта на сопругата ја дознал вистината за неа: „Бевме во брак 45 години, мислев дека ја познавам“
Како што минуваат годините, сопружниците почнуваат се повеќе да си личат еден на друг, па залудно се вели „сродна душа“. Толку добро ја познавате другата личност што верувате дека нема тајни меѓу вас. Сепак, тоа го поби еден човек кој ја сподели својата приказна со јавноста.
Имено, неговата сопруга Сју починала на 73 години од рак на дојка и иако поминале заедно 45 години, дотогаш верувал дека многу добро ја познава.
Мислел дека нема дел од неа што не го знае, додека не ги открил нејзините дневниците.
Неколку дена по нејзината смрт, тој извадил фотографија од нивната венчавка од далечната 1973 година.
– Се запознавме 10 месеци пред да се направи таа фотографија, во моментот кога таа се разведуваше од сопругот со кој ја има едната ќерка, додека другата беше на пат – рекол овој човек, пренесува „Хаф пост“.
Тешко ја поднесувал смртта на сопругата, а за полесно да го надмине тоа почнал да ги чита туѓите искуства. Во еден момент дознал дека иако споделувале сè, има некои тајни кои Сју ги чувала подалеку и не ги споделила со никого. Тоа го дознал кога ги открил нејзините дневници. Потоа забележал дека таа има тајни, а срцето му се скршило затоа што прочитал реченица во еден од дневниците:
– Мислам дека го мразам.
Таа реченица се однесувала на него. Никогаш не дознал дека таа не е среќна поради нивното преселување во Питсбург, дека не ги поднесувала промените и никогаш не му кажала.
Не знае зошто тоа не го кажала гласно, бидејќи сега кога се навраќа на тие ситуации, чувствува дека неговите потреби биле над нејзините, но биле за доброто на целото семејство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа