Close Menu
Press24
    Најново

    Стојановски: Главниот двигател на растот во 2027 година ќе биде засилената инвестициска активностна државата

    16.11.2026 во 19:39

    Семејството на претепаната девојка од Охрид бара да се откаже утрешниот собир: Нема потреба од протест, сакаме правда

    16.11.2026 во 19:22

    Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст

    16.11.2026 во 19:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Стојановски: Главниот двигател на растот во 2027 година ќе биде засилената инвестициска активностна државата
    • Семејството на претепаната девојка од Охрид бара да се откаже утрешниот собир: Нема потреба од протест, сакаме правда
    • Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст
    • Жена тешко повредена, сопругот ја претепал во семејниот дом
    • Марија Митева го осуди насилството врз девојката во Охрид: Очекувам Обвинителството да дејствува итно
    • Петкоска: Предлог Буџетот за 2027 е развоен, а со тоа за Охрид како туристичка дестинација се создаваат услови  за нови инвестиции
    • Гаши најавува опозициски прашања без паузи
    • „Жестоко го осудувам дивјаштвото“ – премиерот вети институционална разрешница за нападот врз младата девојка во Охрид
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојановски: Главниот двигател на растот во 2027 година ќе биде засилената инвестициска активностна државата

    Стојановски: Главниот двигател на растот во 2027 година ќе биде засилената инвестициска активностна државата

    16.11.2026 во 19:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Мартин Стојановски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет на која се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година истакна дека очекувањата за 2027 година се, како што вели тој, да се продолжат позитивните економски движења во државата, а реалниот раст на БДП да изнесува 3,8%. Стојановски, истовремено, потсети и на ниските стапки на инфлација кои годинава ги бележи државата, во услови на глобална енергетска криза, и интервенциите на Владата во делот на намалувањето на ДДВ-то и акцизите на горивата, а со цел заштита на животниот стандард на граѓаните.

    „Во делот на ценовните движења, просечната инфлација во периодот јануари-септември изнесува 3,6%, додека во септември годишната стапка изнесува 2,7%. Во услови на зголемени ценовни притисоци кај енергенсите, Владата презеде мерки преку намалување на ДДВ и акцизите на нафтените деривати, со цел да се ублажи преносот на повисоките светски цени врз домашните цени и куповната моќ на граѓаните. Значаен показател за инвестициската активност се и странските директни инвестиции кои во првото полугодие од 2026 година достигнаа 279,1 милиони евра, што претставува раст од 52,3% во однос на истиот период претходната година“, рече Стојановски.

    Стојановски посочи дека главниот двигател на растот, повторно, ќе биде домашната побарувачка и тоа по пат на засилена инвестициска активност, како и тоа дека се очекува и раст на извозот, додека просечната инфлација за 2027 година е проектирана на 3,2%.

    „Врз основа на остварувањата во првата половина од годината и ризиците од надворешно окружување, проекцијата на реалниот раст на БДП за 2026 година изнесува 3,5%. Во 2027 година се очекува продолжување на позитивните економски движења и реален раст на БДП од 3,8%“, кажа Стојановски и додаде:

    „Главен двигател на растот повторно ќе биде домашната побарувачка, пред сè преку засилената инвестициска активност. Бруто инвестициите се проектирани да забележат реален раст од 6,8% поддржан од инфраструктурни проекти, инвестициите во енергетиката, обновливите извори на енергија, здравството, образованието и земјоделството. Приватната потрошувачка се очекува да порасне за 2,5%, додека јавната потрошувачка ќе има умерен раст од 1,1%. Кај надворешниот сектор се очекува раст на извозот од 5,8%, а на увозот од 5,2%. Просечната инфлација за 2027 година е проектирана на 3,2%. Се очекува и раст на бројот на вработени од 1,2%, додека растот на просечната нето-плата е проектиран на 6,7%“.

    Стојановски напомена дека ваквите проекции се проследени со можните ризици од, како што вели тој, продолжување или ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и Украина, затоа впрочем е и битно одговорното планирање, одржување како и стабилна фискална позиција на државата.

    „Секако овие проекции се проследени со ризици, продолжување или ескалација на конфликтите на Блискиот Исток и во Украина. Нестабилноста на цените на енергенсите, трговските тензии и нарушувањата на синџирите на снабдување можат негативно да влијаат врз глобалната и домашната економија. Токму затоа одговорното планирање, одржување и стабилната фискална позиција се од особено значење“, посочи Стојановски

    Прочитај повеќе

    Дрвошанов: Предлог Буџетот за 2027 има за цел одржување на макроекономската стабилност и забрзување на економскиот раст

    16.11.2026 во 19:06

    Петкоска: Предлог Буџетот за 2027 е развоен, а со тоа за Охрид како туристичка дестинација се создаваат услови  за нови инвестиции

    16.11.2026 во 18:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.