Семејството на младата Сара Георгиевска од Охрид, која беше жртва на брутално физичко насилство, во разговор за Ohrid1 апелира до граѓаните да се откажат од најавениот протест за утре пред Основното јавно обвинителство во Охрид. Тие се заблагодаруваат за огромната поддршка од јавноста, но по последниот развој на настаните во обвинителството и повторното определување притвор за осомничениот, велат дека во овој момент единствено им се потребни мир и закрепнување на нивната ќерка.
По промената на јавниот обвинител кој постапуваше по предметот, Стојанчо Арнаудоски, и преземањето на случајот од обвинителката Викторија Коваческа Мандулоска, побаран е и определен притвор за осомничениот, кој повторно се враќа во притвор..
Семејството на Сара за Ohrid1 вели дека е задоволно од последниот развој на настаните и дека сега сака единствено институциите да си ја завршат работата, а нивната ќерка да добие мир.

