Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Доаѓа силен Ел Нињо – какво време нè очекува во текот на зимата

    18.09.2026 во 23:32

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ССМ: За да се преживее потребни се 70.000 денари месечно
    • Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името
    • Ивон Величковски: Кое е тоа Собрание што ќе гласа против 150 или 300 илјади граѓани за ЕУ?
    • Животот станува сè поскап: Еве колку изнесува синдикалната кошница за септември
    • Младо момче ќе одговара кривично – полицијата го фати со марихуана
    • Штерјова: Му ја откривме шемата на Мицкоски за струјата – еве го неговиот енергетскиот октопод
    • ФОТО: Фрлил градежен шут во Кисела Вода – инспекторите го фатиле на дело
    • СДСМ: ЗНАМ е приврзок, отчетот е само проба за следните чекори
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стојаноски: Да се поддржи Анкетната комисија за трагедиите, потребни се одговори за виновниците

    Стојаноски: Да се поддржи Анкетната комисија за трагедиите, потребни се одговори за виновниците

    03.12.2025 во 12:502 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски се обрати на денешната собраниска седница, при што упати апел до сите пратенички групи да го поддржат одржувањето на Анкетната комисија предложена од над 75 пратеници и која се однесува на големите трагедии кои се случија во Република Македонија.

    Стојаноски посочи дека пратеници и Собранието како орган има должност и обврска да ги даде одговорите на сите трагедии и за кои граѓаните сè уште имаат неодговорени прашања и дилеми дека не сите виновници се изведени пред лицето на правдата.

    „Сакам да ги повикам сите пратенички групи да ја поддржат иницијативата од над 75 пратеници за одржување на Анкетна комисија за сите трагедии коишто се случија во Република Македонија. Сметам дека тоа е особено важно, бидејќи Собранието како орган има должност и обврска према граѓаните да ги даде одговорите на сите трагедии кои се случија, особено заради тоа што најголем дел од населението и практично, сè уште бара одговори и смета дека тие одговори кои се дадени на некои претходно случени трагедии не ги опфаќаат сите виновници кои треба да бидат најдени пред лицето на правдата“, рече Стојаноски.

    Стојаноски, исто така, повика на внимателност, со оглед на фактот дека за една од трагедиите се води судски процес, со цел граѓаните да ги добијат правдата што го бараат.

    „Сметам дека треба да бидеме особено внимателни, бидејќи за една од тие трагедии се води судски процес и тоа, практично, ќе значи ние како орган, како пратеници треба да внимаваме и на нашиот дигнитет и соодветно на тоа да ги опфатиме сите оние трагедии кои се случија, за да можеме да им дадеме на граѓаните тоа што го бараат. А тоа е правда и конечно одговор на прашањето, кој е виновен затоа што тоа репетитивно се случува во нашата држава“, порача пратеникот Стојаноски.

    Прочитај повеќе

    Петрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името

    20.09.2026 во 12:29

    Штерјова: Му ја откривме шемата на Мицкоски за струјата – еве го неговиот енергетскиот октопод

    20.09.2026 во 12:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.