Стоилковски: Петре Шилегов должи одговор како направи пола милион евра повеќе од административна плата

 

Портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски му се обрати на актуелниот и кандидат за иден градоначалник на Скопје, Петре Шилегов преку статус на социјалната мрежа фејзбук.

Истиот го пренесуваме во целост.

„Петре Шилегов должи одговор како направи пола милион евра повеќе од административна плата.

Петре Шилегов должи одговор зошто ниеден инспектор не минува на неговата улица каде гради на диво.

Петре Шилегов должи одговор како менува документи во Катастар во сабота.

Петре Шилегов должи одговор како добил "Одобрение" со стариот имотен лист.

Петре Шилегов должи одговор од каде пари за луксузна вила од 300m².

Петре Шилегов должи одговор од каде 130.000 евра за коли.

Петре Шилегов должи одговор како фирмата има помал ќар од хонорарот што му го исплаќа.

Петре Шилегов должи одговор како и зошто Водовод руши улица до неговата куќа и гради без договор.

Петре Шилегов должи одговор зошто ниедна градежна фирма не оди на лицитација на градските милионски тендери.

Наместо да одговори, Шилегов ќе прашувал. Резил!

Но, си знае Петре Шилегов дека  должи, и ќе се оддолжи по смената на власта“.

 

28.09.2021 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега