По повеќе децении најави и ветувања, жителите на Инџиково добија нова детска градинка. Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, честиташе за пуштењето во употреба на градинката „Лавче“.
Стефковски информираше дека објектот е изграден по долгогодишни барања на жителите на ова населено место.
Тој изрази очекување градинката да биде исполнета со деца и да им овозможи на најмладите соодветни услови за престој, згрижување и воспитување.
„Нека е аирлија! Секогаш да биде полна дечиња“, порача градоначалникот.
На пуштањето во употреба на градинката во Инџиково ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски.

