Close Menu
Press24
    Најново

    Како подобро да се третираат повозрасните пациенти? Во Скопје започнува голема медицинска конференција

    13.11.2026 во 08:59

    Уставни судии од Европа и регионот во Охрид – Дебата за довербата на граѓаните во судството

    13.11.2026 во 08:58

    Од недела казна од 2.770 денари за возачите – Проверете што мора да имате во автомобилот

    13.11.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како подобро да се третираат повозрасните пациенти? Во Скопје започнува голема медицинска конференција
    • Уставни судии од Европа и регионот во Охрид – Дебата за довербата на граѓаните во судството
    • Од недела казна од 2.770 денари за возачите – Проверете што мора да имате во автомобилот
    • Нов пожар на Бит Пазар по оној во магацините – Гореше „Ауди“
    • Трагедија: Скопјанец починал во поликлиниката Бит Пазар
    • Денеска е празникот на шесте Христови апостоли – што означува овој ден и кои обичаи се поврзуваат со него
    • Невообичаено топло ноемвриско утро во Македонија, УХМР ги измери температурите – Од утре лош пресврт
    • Над 141 илјада Македонци имаат дијабетес – Голем процент од заболените во светот не знаат дека се болни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Како подобро да се третираат повозрасните пациенти? Во Скопје започнува голема медицинска конференција

    Како подобро да се третираат повозрасните пациенти? Во Скопје започнува голема медицинска конференција

    13.11.2026 во 08:591 Min Read
    ФОТО: Press24 архива
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во Скопје денеска започнува втората годишна научна конференција посветена на геријатриската и палијативната медицина, која ќе се одржува во текот на два дена под мотото „Синдроми и симптоми во геријатрија и палијатива“.

    Настанот е во организација на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември – Скопје“, а главниот фокус ќе биде ставен на подобрување на третманот и справувањето со најчестите синдроми и симптоми кај повозрасните и пациентите на кои им е потребна палијативна грижа.

    Конференцијата има за цел да поттикне размена на стручни знаења и искуства меѓу здравствените работници од различни области, со акцент на мултидисциплинарниот пристап во лекувањето и негата на пациентите.

    Во работата ќе бидат вклучени лекари од различни специјалности, медицински сестри, психолози, социјални работници и физиотерапевти, кои заеднички учествуваат во грижата за геријатриските и палијативните пациенти.

    Преку стручни дискусии и размена на искуства, организаторите очекуваат конференцијата да придонесе за унапредување на квалитетот на здравствената заштита и подобра координација меѓу професионалците кои се грижат за оваа категорија пациенти.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Уставни судии од Европа и регионот во Охрид – Дебата за довербата на граѓаните во судството

    13.11.2026 во 08:58

    Од недела казна од 2.770 денари за возачите – Проверете што мора да имате во автомобилот

    13.11.2026 во 08:53
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.