Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Петровска: Сакам да бидам претседателка на СДСМ, ама не сега
    • ФОТО: Полицајците им упаднаа во локалот – им го најдоа белото
    • Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет
    • Брутална прецизност на македонските специјалци: Тигрите во топ 10 снајперисти на меѓународен напревар
    • Филипче: Одлуките ги носам како во операциона сала – прецизно
    • Ѓорге Иванов: Треба да создадеме иднина за нашите потомци
    • Костадиновски: Иднината на уставното судство е во дијалог, а не во натпревар за моќ со Законодавецот
    • Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефковски: Насилството во училиштата е неприфатливо, Гази Баба воведува засилени безбедносни механизми

    Стефковски: Насилството во училиштата е неприфатливо, Гази Баба воведува засилени безбедносни механизми

    14.05.2026 во 13:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска претседаваше со проширената седница на Локалниот совет за превенција, посветена на безбедноста во училиштата и спречувањето на меѓуврсничкото насилство. Советот најостро го осуди секој вид насилство, порачувајќи дека за него не постои оправдување.

    Седницата беше свикана по инцидентот во основното училиште во населбата Ченто. Иако случајот е оценет како изолиран, на седницата беа донесени низа заклучоци за заштита на учениците и одржување безбедна средина.

    „Локалниот совет за превенција при Општина Гази Баба најостро го осудува случајот на меѓуврсничко насилство случен во основно училиште во населба Ченто, при што беше повреден ученик, оценувајќи дека секој вид насилство е апсолутно неприфатлив и недозволив“, се вели во првиот заклучок од седницата.

    Меѓу клучните мерки е задолжувањето на сите основни училишта за засилена контрола на куќниот ред и дисциплината. Исто така, се укажува на потребата од навремено препознавање на девијантните облици на однесување преку поголем ангажман на стручните служби.

    Советот даде поддршка и за иницијативата на Министерството за образование за зајакнување на механизмот „дежурен наставник“, како и за доследно почитување на процедурите за користење мобилни телефони за време на наставата.

    На седницата присуствуваа претставници на МВР, МОН, верските заедници, Црвениот крст, пратеници и директори на училиштата. Општината најави дека ќе продолжи со едукативни кампањи и јавни дебати за подигање на јавната свест против насилството.

    Прочитај повеќе

    Ѓорѓиевски за 23 Октомври: ВМРО е непокор, Македонија е аманет, а слободата е завет

    23.10.2026 во 12:06

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.