Close Menu
Press24
    Најново

    ВМРО-ДПМНЕ: Работиме посветено за подобар живот и повисоки плати за сите

    05.03.2026 во 09:31

    Земјотрес во меѓународната дипломатија: Руте ги поддржа ударите врз Иран – Трамп му се заблагодари

    05.03.2026 во 09:30

    Срушена родната куќа на Харис Џиновиќ

    05.03.2026 во 09:10
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Работиме посветено за подобар живот и повисоки плати за сите
    • Земјотрес во меѓународната дипломатија: Руте ги поддржа ударите врз Иран – Трамп му се заблагодари
    • Срушена родната куќа на Харис Џиновиќ
    • СДСМ: Потфрли Панче Тошковски, потфрли МВР – Бараме оставка 
    • Иранскиот генерал Хејдари се закани – „Ќе ги натераме САД горко да зажалат“
    • Нема температури под нулата – УХМР најавува што не очекува деновиве
    • Српската пејачка го фатила сопругот со љубовница: Ја фрлив во река – татко ми ме пречека со пушка кога се разведов
    • Денот станува подолг – Наскоро ги поместуваме стрелките на часовникот
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Стефаноски: Македонија мора внимателно да ги следи сопствените интереси во глобалните безбедносни процеси

    Стефаноски: Македонија мора внимателно да ги следи сопствените интереси во глобалните безбедносни процеси

    22.01.2026 во 22:392 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Политикологот и безбедносен аналитичар Милан Стефаноски во гостување на емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 зборуваше за формирањето на таканаречениот „одбор за мир“ поврзан со политиките на поранешниот американски претседател Доналд Трамп и позицијата на Македонија во актуелните геополитички динамики.

    Стефаноски оцени дека глобалниот поредок се наоѓа во фаза на трансформација и дека се менуваат политичките, економските и безбедносните рамнотежи на светско ниво.

    -Глобалниот светски поредок се распаѓа и се создава нов поредок. Тоа е динамичен процес кој отсекогаш се одвивал, рече тој, додавајќи дека САД настојуваат да го предводат новиот глобален безбедносен модел.

    Во анализата беше поставено прашањето како Македонија треба да се позиционира како рамноправна членка на НАТО, имајќи предвид дека земјата не е поканета да учествува во иницијативата, за разлика од држави од Блискиот Исток и Азија.

    -Ние сме членка на НАТО и географски припаѓаме на Европа. Нашите аспирации се насочени кон интеграција во Европската Унија и затоа мораме да бидеме усогласени со европската надворешна политика, истакна Стефаноски.

    Тој оценува дека во случај Македонија да добие покана за учество во вакви иницијативи, одговорот треба да биде внимателно разгледан.

    -Никогаш не е лошо да бидете на маса со најголемите и да учествувате во иницијативи за мир, но без напуштање на традиционалните безбедносни, политички и економски рамки во кои имаме стратешки интерес, додаде аналитичарот.

    На крај, Стефаноски подвлече дека државата мора да настапува мудро, предпазливо и секогаш во согласност со националните интереси.

    Популарно

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37

    Денеска ќе се знае предлогот за нов член на Судскиот совет

    05.03.2026 во 08:08
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.