Close Menu
Press24
    Најново

    Одлични вести за возачите: Цената на нафтата падна

    15.10.2026 во 10:14

    Нова голема инвестиција во Македонија – Мицкоски најави 2.000 работни места

    15.10.2026 во 10:06

    „Убавата Ива избегала кај татко и криминалец во Бугарија” – Што пишуваат медиумите од регионот за Михаилова

    15.10.2026 во 09:04
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Црниче со низа барања до Општината – Стаменкоска Трајкоска ги слушна жителите
    • Циклонот од Карпатите донесе дожд и снег во регионот – следува брз температурен пресврт
    • „Таск форс“ во акција: Младо момче со лисици на рацете
    • Герасимовски: Време е за сплотување и заеднички фронт во СДСМ
    • Дете затворено во возило ги молело минувачите за помош: Полицијата интервенирала пред трговски центар во Нови Сад
    • Мицкоски: Ги одглавивме проектите што со години беа оставени
    • СДСМ: Мицкоски и Николовски бараат алиби за предвремени избори
    • Нови инвестиции и посилна енергетска мрежа – Божиновска на средба со ЕБОР
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Црниче со низа барања до Општината – Стаменкоска Трајкоска ги слушна жителите

    Црниче со низа барања до Општината – Стаменкоска Трајкоска ги слушна жителите

    16.10.2026 во 11:062 Mins Read
    Општина Кисела Вода
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Проблемите со водоснабдувањето, паркирањето и јавниот превоз беа меѓу главните теми на средбата на градоначалничката на Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, со жителите на населбата Црниче.

    На разговорот, во кој учествувале и раководители на општинските сектори, биле разгледани досегашните активности, но и проблемите за кои жителите очекуваат конкретни решенија. Меѓу реализираните зафати биле посочени реконструкцијата на скалите што ги поврзуваат улиците „Црниче“ и „Партение Зографски“, како и одржувањето на јавната хигиена.

    Жителите побарале од Општината да посредува пред ЈП „Водовод и канализација“ за проверка и решавање на проблемот со квалитетот на водата на потегот од улицата „Серска“ кон „Востаничка“. Побарана е и изградба на нова водоводна линија од улицата „Христо Узунов“ кон „Востаничка“.

    Во делот на сообраќајот, жителите бараат засилени контроли за непрописното паркирање на улицата „Рилски Конгрес“, поставување легнати полицајци на „Востаничка“ и воведување зонско паркирање во населбата. Меѓу предлозите е и нова автобуска линија со број 6, за која Општината би требало да разговара со ЈСП.

    На листата со барања се и изградба на тротоар на улицата „Серска“, асфалтирање на „Банско“ и нејзино поврзување со улицата „Полог“. Жителите побарале и ново улично осветлување кај скалите во близина на старата печатница, како и почесто миење на поголемите улици во Црниче.

    Посебен дел од средбата бил посветен на условите за децата и младите. Побарана е реконструкција на спортските и детските реквизити во подрачното училиште „Кузман Јосифовски – Питу“, како и изградба на нова спортска сала.

    Од Општина Кисела Вода информираат дека сите предлози се евидентирани од надлежните служби, а теренските средби со жителите ќе продолжат и во другите месни и урбани заедници.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    „Таск форс“ во акција: Младо момче со лисици на рацете

    16.10.2026 во 10:52

    Мицкоски: Ги одглавивме проектите што со години беа оставени

    16.10.2026 во 10:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.