Српски метеоролог алармира: На Балканот му се заканува „ледениот армагедон“
Сè уште е рано за пакување капути, чизми и шалови, ќе има краток период на разладување од ден-два со ниски температури, во пониските предели може да има и мал снег – 15 до 16 март, изјави метеорологот Недељко Тодоровиќ за РТС. Тој посочува дека снежната бура „ледена армагедон“ која во изминатите месеци ги парализираше САД и Канада, сега пристигнува и во Европа.
Прва на удар е Велика Британија, каде температурите значително се намалија во последните денови, а се проценува дека во следните два дена ќе паднат рекордни количества снег, пишува РТС.
Метеорологот Недељко Тодоровиќ посочува дека ќе има кратко студенило од ден-два со ниски температури, кои ќе бидат потпросечни.
„Вистинската зима се уште не е завршена. „Гледајќи ги температурите, кога ќе ја поделиме годината на годишни времиња, добиваме дека март е пролетен месец, со тоа што ова е рана пролет кога покрај високите температури ќе има и краткотрајно студено време со снег. “, истакна Тодоровиќ.
Влијанието на циклонот на Балканот
Хидрометеоролошкиот институт на Велика Британија соопшти дека се очекуваат околу 40 сантиметри снег, училиштата се затворени, летовите се откажани.
Одговарајќи на прашањето дали може да се случи такво нешто деновиве на Балканот, Тодоровиќ вели дека влијанието на тој циклон со врнежи овде би се почувствувало само периферно, а тоа би било на 15 и 16 март.
За неколку дена, како што вели, доаѓа само дел од тој настан, потоа може да има снег во пониските предели, а повеќе врнежи од деновиве, а повеќе снег ќе има во планинските региони.
„Поголеми се шансите за снег, 20 до 30 сантиметри нов снег“, забележува Тодоровиќ.
Според него, вторник би бил топол ден со максимална температура близу 20 степени, што е увертира за заладувањето на 15 и 16 март.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа