Средношколци од СОУ „Добри Даскалов“ од Кавадарци денеска ќе ја посетат Собранието на Република Северна Македонија во рамки на едукативната активност „Имам став!“ организирана од Парламентарниот институт.
„Имам став!“ е наменета за ученици од средните училишта и претставува симулација на процесот на разгледување на предлог-закон во Собранието.
Целта на активноста е да им се приближи работата на парламентот и процесот на донесување закони до младите, со што се поттикнува развивање на свеста за демократијата и се подготвуваат за општествена и политичка критичност и активна вклученост, соопшти прес-службата на Собранието.


