Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, денеска упати остри критики до СДСМ и нивниот лидер Венко Филипче, обвинувајќи ги дека свесно шират дезинформации за наводни мигрантски кампови во државата. Лефков истакна дека опозицијата продолжува со манипулации иако веќе добиле јасен демант од меѓународни фактори.
„Откако добија демант од британскиот амбасадор за наводни мигранти и мигрантски кампови во Македонија, СДС и натаму продолжуваат тврдоглаво, мислејќи дека ако повторуваат една лага 100 пати, таа ќе стане вистина. Наместо извинување, тие продолжуваат со деструкција“, изјави Лефков.


