Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, првпат на пазарот, без бариери во поврзувањето и со вредни дополнителни услуги, што ќе овозможи многу повеќе слобода и сигурност во секојдневната комуникација.

Отсега, Magenta 1/Magenta 1 Business станува Magenta 1 Unlimited/Magenta 1 Business Unlimited и нуди беспрекорна поврзаност, со неограничен интернет секогаш и секаде, со вклучен роаминг интернет во сите пакети, со гигабитни оптички брзини и со ексклузивни попусти во Magenta Moments.
„Ова не е само ново портфолио, туку сосема нов начин на поврзување на корисниците. Целта е да понудиме едноставно и безгрижно искуство коешто ќе биде неограничено, непречено и комбинирано со многу поволности и попусти.
Верувам дека овој чекор ќе направи промена на пазарот и позитивно ќе влијае на задоволството на корисниците, што е наша примарна цел“ – изјави Горан Марковиќ, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.
Емилија Андоновски, Главен директор за приватни корисници, изјави: „Ние не сме само телекомуникациски оператор, туку партнер којшто сака да им понуди вистинска вредност на корисниците и да им овозможи позитивни искуства. Целта ни е да дадеме повеќе и да го направиме самото искуство на поврзување едноставно, какво што и треба да биде во дигиталното време: со сѐ што треба вклучено и неограничено и многу повеќе од тоа“.
Новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited ги вклучува и приватните
и деловните корисници и овозможува:
Неограничен интернет за сите – сите тарифи имаат неограничен сообраќај за целосна слобода во комуникацијата (интернет, СМС и разговори) и корисниците не мора да се грижат за тоа колку трошат.
Роаминг како дома – со новото портфолио, веќе нема грижа за роаминг затоа што е вклучен во сите тарифи (15 GB во Extra тарифата), за корисниците да останат поврзани исто како дома кога патуваат во повеќе од 60 земји во светот.
Гигабитни брзини – преку супериорната оптичка мрежа на Телеком, со новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited, гигабитните брзини стануваат достапни за сите корисници коишто можат да уживаат во квалитетот и брзината на најбрзата мрежа во Македонија.
Ексклузивни Magenta Moments попусти – покрај сите редовни понуди од Magenta Moments, корисниците на новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited ќе добиваат ексклузивни попусти само за нив, со кои ќе можат да заштедат над 600 денари месечно по линија.
Супер Wi-Fi секаде – со WiFi booster, корисниците добиваат беспрекорен интернет насекаде во домот. Уредот овозможува силен и стабилен сигнал во секое ќоше од домот и го прави интернет-искуството беспрекорно и безгрижно.
Новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited е креирана според потребите на корисниците во дигиталното време, коишто бараат искуство без грижи, едноставно и непречено поврзување, стабилност и големи брзини, како и дополнителна вредност. Токму тоа го овозможува овој нов комуникациски концепт, којшто е прв од ваков тип на пазарот.
Повеќе информации на: https://www.telekom.mk/magenta1-unlimited и
https://www.telekom.mk/magenta1-business-unlimited.