Изминатите 24 часа во главниот град беа исполнети со низа насилства и кражби. Полициските станици во Центар, Кисела Вода и Шуто Оризари регистрираа пријави за физички напади, додека во Волково е извршен грабеж врз повозрасно лице.
На 10.03.2026 во 00:15 часот во СВР Скопје, В.А.(18) од с.Инџиково, скопско, пријави дека околу 21:20 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.03.2026 во 13:00 часот во СВР Скопје, И.Т.(38) од Скопје пријави дека на 06.03.2026 околу 19:30 часот на подрачјето на Кисела Вода, била физички нападната од нејзиниот сосед С.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.03.2026 околу 13:00 часот во СВР Скопје, С.Х.(56) од Скопје пријави дека на подрачјето на Шуто Оризари, бил физички нападнат од Т.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 09.03.2026 во 14:30 часот во СВР Скопје, С.Ј.(72) од Скопје пријави дека на 08.03.2026 на автобуска постојка во с.Волково, скопско, едно лице му одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.


