Регулаторната комисија за енергетика во ек на нафтена криза го смени начинот на одредување на цените на горивата во Македонија и наместо секој ден во зависност од движењето на цената на нафтата на светските берзи, го утврди еднаш недело, на 7 дена. Резултатот е огромни колони на бензинските пумпи и профит врз грбот на граѓаните, се вели во соопштението на СДСМ .

Денес цената на нафтата на берзите се движи од 84 до 86 долари за барел и е поевтина во споредба со цената од 96 евра во петокот, кој го направи високиот просек за вчерашното поскапување од 20% на цената на дизелот. 

Да важеше стариот начин на пресметка, денес РКЕ ќе ја намалеше цената на горивата и веќе од утре граѓаните ќе купуваа поевтин дизел и бензин.

Вака, поради избрзани и штетни одлуки на РКЕ, граѓаните цела недела ќе плаќаат поскапи деривати, околу 3 милиони евра повеќе за само 7 дена.

Дали намерно е сменет Правилникот?

Очигледно  поради празниот буџет, на владата на Мицкоски и одговара поскап бензин, за повеќе пари од акциза и ДДВ.

Сè е бизнис за Мицкоски и неговата Влада.

Exit mobile version