Утринава во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани беше примена закана за поставена експлозивна направа. По итно извршените антитерористички проверки од страна на полицијата, утврдено е дека станува збор за лажна дојава.
Веднаш по добивањето на заканата, учениците и вработените беа евакуирани од објектот според сите безбедносни протоколи. МВР изврши детален преглед на зградата, по што е потврдено дека нема опасност. Во моментов, наставата и процедурите во училиштето се одвиваат под контрола на надлежните служби.


