Германското Министерство за надворешни работи денеска потврди дека персоналот на амбасадата во Багдад е привремено преместен од Ирак. Како што пренесува „Ројтерс“, одлуката е донесена поради енормно зголемените безбедносни ризици кои произлегуваат од тековниот конфликт на Блискиот Исток.

Портпаролот на министерството истакна дека безбедноста на дипломатите се проценува континуирано, додавајќи дека конзуларните услуги веќе подолг период биле сериозно ограничени. Овој потег е јасен сигнал за сериозноста на ситуацијата во Ирак, каде германските власти стравуваат од директни напади врз западните претставништва како одговор на американско-израелските операции.

Exit mobile version